Синот на Бекамови и Никола Пелц ќе мора да потпишат предбрачен договор

Instagram

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата свршеница, актерката Никола Пелц неодамна ја одложија својата венчавка за 2022 година поради пандемијата на коронавирус. Тие мислеле дека е „премногу ризично“ да се презакаже планираната венчавка за следната година.

Instagram

Сепак, таткото на актерката, Нелсон Пелц, наводно барал од идните младоженци да потпишат предбрачен договор, бидејќи тој не сакал неговото богатство, односно наследството на неговата ќерка, кое се проценува за 1.6 милијарди долари, да заврши во рацете на Бекамови доколку дојде до развод.

Instagram

Богатството на Бекамови, пак, се проценува на околу 45 милиони долари.

Младата двојка ја прослави својата прва годишнина откако се заедно. Бруклин ги откри своите планови со Никола, изјавувајќи дека едвај чека да има деца со манекенката и да остари со неа.

Instagram

Бруклин на својот Инстаграм профил сподели две интимни фотографии од него и Никола.

Среќна 1 годишнина љубов. Јас сум најсреќниот човек затоа што те имам покрај мене. Едвај чекам да остарам со тебе и да создадеме семејство. Те сакам многу“, напиша Бекам.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот