Фото: Принтскрин

Синдикат за култура: Добивме позитивна реакција од влада за потпишување на нов Колективен договор

Претставници од Синдикатот за култура, денеска во владата остварија средба со премиерот Заев и со министерот за култура Исмаили. Од нив добиле позитивен сигнал за потпишување нов Колективен договор до крајот на годината, со кој ќе се решат статусот и платите на вработените во културата и уметноста, велат од СКРМ.

На средбата биле разгледани доставените пресметки за плати од нивна страна и им било укажано дека треба да се усогласат со ставовите и пресметките на СОНК , рекоа од Синдикатот.

– Со оглед на тоа дека ние како СКРМ доставивме еден предлог и направивме едни пресметки, беа разгледувани пресметките. Да, има позитивна реакција од страна на министерот за потпишување на Колективниот договор до крајот на годината. Она што треба да го направиме , е нормално, да се договориме и усогласиме со пресметките и ставовите на останатиот Синдикат. И постои верување дека ќе се потпише Колективниот договор до крајот на годината. Има некои правни работи, неправилности кои настанале во минатото и треба да изнајдеме начин како најбезболно да се решат, за да не настане штета. Она за што сите се согласивме е дека треба овој Колективен договор да биде правичен за сите – вели Сања Арсовска, претседателка на СКРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот