Синди Крафорд и Каја Гербер позираат во гаража: Мајката и ќерката најдоа начин како заедно да работат од дома! (ФОТО)

instagram

Откако владее пандемијата, не е чудно да се видат невообичаени сцени како што се на пример, две светски познати модели кои позираат во гаража. Синди Крафорд и Каја Гербер се најдоа токму во таква позиција.

Синди Крафорд и Каја Гербер, мајка и ќерка, заедно позираа за Омега. Фотографот ги сликал во гаражата заради пандемијата.

Тие две не работат заедно одамна, но 54-годишната убавица и нејзината 19-годишна ќерка конечно најдоа проект за кој можат да соработуваат.

„Кога треба да претворите гаража во студио, работењето од дома добива сосема ново значење! На снимање сум со мојот омилен модел“, напиша Синди Крафорд.

Двете дами носеле црно додека му позирале на фотографот. Тие еднаш веќе соработуваа пред четири години кога заедно ја красеа насловната страница на парискиот Вог.

профимедиа

„Таа е моја ќерка и сите го знаат тоа. Но, кога луѓето велат дека јас ѝ ја дадов можноста за насловната страница на списанието, сакам да им кажам дека во секој случај, повеќе би сакал да го сторам тоа за себе. Ако можев да дадам некому шоу, веројатно ќе го направев тоа за себе“, се пошегувала во една прилика Синди Крафорд.

Како што е кажано многу пати претходно, кога ќе видите како мајка и ќерка да позираат, простено ви е ако мислите дека се сестри. Ова е дополнително нагласено со фактот дека Каја често позајмува нешто од фиоките и плакарите на нејзината мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот