Фото: Промо

Симон Трпчески ќе одржи два ексклузивни концерти во Охрид и Битола во август

Македонскиот пијанист Симон Трпчески летово ќе одржи два концерти на отворено во Македонија.

Првиот концерт ќе се одржи на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а вториот на 14 август во Хераклеја во Битола, објави продукцијата „Прагма“.

Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, концертот на Трпчески ќе прерасне во доживување што ги надминува границите на класичниот настап.

Фото: Промо

Веднаш потоа, на 14 август, магијата продолжува во Хераклеа во Битола, сцена која со својата акустика и атмосфера создава уникатно музичко искуство под отворено небо. Двете вечери носат различен амбиент, но исто ниво на уметничка вредност и емоција.

Пијанист со богата меѓународна кариера, настапи на најпрестижните концертни сцени и соработка со врвни светски оркестри, Трпчески е уметник чиј израз одамна ја надминува локалната рамка и е препознаен од публиката ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот