Симеон Христов од Вардар направи трансфер во Гостивар

фото: facebook.com/KFGGostivari

Второлигашкиот лидер Гостивар ја информираше јавноста дека нов играч на екипата е левото крило Симеон Христов.

Интересно, фудбалерот доаѓа од директниот конкурент Вардар во трката за позициите кои водат во Првата македонска лига.

Моментно на првото место во генералниот пласман во 2МФЛ е Гостивар со 37 бодови, еден повеќе од второпласираниот Вардар.

Во својата клупска кариера беше дел и од Работнички, Тиквеш, Влазнија, Борец, Македонија ЃП, Саутерн Мјанмар, Горно Лисиче, Тетекс, Брегалница Штип, Пелистер, Егри и Вашаш.

Воедно на репрезентативен план запиша осум настапи за македонската У21 репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот