фото: РФМ

Симе Симовски нов селектор на У19 женската ракометна репрезентација

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) известува дека во делот на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, на 15 мај Управниот одбор донесе одлука за именување на селектор во младински категории.

Симе Симовски е именуван за селектор на женската национална репрезентација до 19 години.

Даниела Новеска ќе ја води женската национална селекција У17, а кај мажите У17 надежите ќе ги води Горан Кузманоски.

Славиша Димитријески ќе биде одговорен за женската национална селекција У15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот