Симбол на гордоста и самоизразувањето на работничката класа – Мартинките го слават 60-от роденден

Мода која никогаш не умира! Пред речиси 60 години е родена легендата која се смета за вистински поим на револуцијата…

Постојат многу митови околу основањето на „Dr. Martеns“, како чудните судири на мотоцикли, повредите со скии, огромните дупки во подот на фабриките и уште многу нешта. Горе наведеното и понатака ќе остане мистерија без одговори, но фактот секако останува точен.

Оригиналниот дизајн на историските чизми произлезе од судирот на два света – најсовремената германска технологија и неколку децениското британско наследство во индустријата на обувките. Оваа неверојатна мешавина беше и првиот чекор во она што подоцна еволуираше во непредвидлива и неверојатно интересна приказна за „Dr. Martеns“.

Никој не можеше да предвиди дека супкултурата на шеесетите години ќе ги усвои „Dr. Martens“ чизмите како дел од аутфитот.

Не се очекуваше ниту дека Пит Таузенд, попознат како гитарист на рок бендот „Tho Who“, ќе ги носи на концертите во 1967-та година. Набрзо чизмите со воздушни перничиња од фабричките погони започнаа да се носат на улиците, на музичката сцена и на модните настани.

Необичните детали на чизмите како жолтиот сошиен конец, ѓон кој делува како изгребан, металната плочка во предниот дел, станаа симбол на гордоста и самоизразувањето на работничката класа.

60 години подоцна малку нешта се променети. Чизмите „Dr. Martеns“ се уште остануваат исти во поглед на квалитетот на производство. Направени се од исти материјали, користејќи ја истата постапка и често истите фабрики. И понатака се удобни, издржлви, може да се носат со години, а дизајнирани се во склад со времето и трендовите.

Иноваторите, револуционерите и слободните мислители го претворија скромниот британски производител на обувки во светски познат алтернативен бренд.

Основните детали поради кои некогаш чизмите ги сметале за работнички чизми ширум светот станаа симбол на овој неконвенционален тренд. Луѓето кои им се спротивставуваат на тековите, оние кои се бунтовници, кои се борат за промени и никогаш нема да ги прифатат статусите. Тоа се тие луѓе кои ќе го обезбедат постоењето на „Dr. Martеns“ и во наредните 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот