Фото: EPA

СИЛНИ РЕАКЦИИ ПО КОНТРОВЕРЗНАТА ИЛУСТРАЦИЈА: „Џонсон избега од логорот наречен ЕУ“ (ФОТО)

Италијанскиот автор Марио Импорта предизвика бурни полемики во земјата и странство, откако Европската Унија ја прикажа како нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, пренесува „Б92“.

Покрај тоа, тој го претстави британскиот премиер Борис Џонсон како затвореник кој бега.

Импорта ја објави оваа илустрација на својот Твитер-профил, откако конзервативците на Џонсон освоија мнозинство на гласови на британските избори, пренесе „АП“.

Цртаниот филм покажува Џонсон како мавта со британско знаме додека бега од концентрацискиот логор со натписот „Европска унија“, на истото место на кое се испишани зборовите „Arbeit macht frei“ (Работата ќе те ослободи) на влезот на озлогласениот нацистички логор.

Споредбата на ЕУ со најпознатиот концентрациски логор веднаш предизвика бран на критики од страна на политичарите, еврејската заедница во Рим, па дури и од некои уметници на Твитер.

На Твитер-профилот на Меморијалот Аушвиц на италијански јазин е објавена пораката дека паролата „Arbeit macht frei“ е цинична илузија која нацистите им ја давале на затворениците во логорот, и дека тие зборови станале еден од симболите за човечката омраза.

– Сеќавањето на Аушвиц и неговите жртви е болно кога овој симбол се користи и срамно се злоупотребува – стои во коментарот на Твитер на Меморијалот Аушвиц.

По силните критики, Импорта во понеделникот го измени цртежот, заменувајќи го нацистичкиот логор со тоалет, со признанието дека не било коректно да се поистоветува ЕУ со концентрациски логор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот