Гордана Сиљановска Давкова / Фото: Фејсбук

Сиљановска во официјална посета на Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во официјална посета на Република Хрватска.

Таа денеска во Загреб ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.

Според најавата од Кабинетот на македонската претседателка, таа ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, а во градскиот парк „Бундек“ ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.

Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб и ќе оствари средба со претставници на македонската заедница во Хрватска. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.

Во рамките на официјалната посета, в среда претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот