Фото: архива

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, нема информации за жртви

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска северна Индонезија, објави Геолошкиот институт на САД (УСГС), но властите не пријавија жртви или сериозни материјални штети.

Според УСГС, земјотресот е регистриран во 06:55 часот по локално време, во морската област кај островот Сулавеси.

Индонезиската метеоролошка агенција од своја страна ја процени јачината на земјотресот на 6 степени и ја отфрли можноста да предизвика цунами.

Жителите на соседната провинција Северна Келибија известија дека ги зафатила паника кога се случил земјотресот.

„Штотуку се разбудив кога сфатив дека има земјотрес. Беше толку моќно што ги движеше (работите) од едната на другата страна“, рече Гита Валони (25), која престојуваше во хотел во областа Северна Минахаса.

„Предметите внатре (во собата) бучно се судираа. Решив да излезам. Многу се плашев дека ќе има последователен потрес додека бев во лифтот. И сите други муштерии побегнале од хотелот“, додаде тој.

Огромниот индонезиски архипелаг доживува честа и интензивна сеизмичка и вулканска активност поради неговата географска локација на таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“.

Во јануари 2021 година, земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер остави над стотина мртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот