Силекс се враќа во Првата лига, Вардар славеше против Воска Спорт

вардар
Вардар во нов обид да се врати во елитата/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Во рамките од 25 коло во Втората македонска лига – Запад фудбалерите на Вардар остварија важна победа победа во Струга, откако со 0:1 беа подобри од тимот на Воска Спорт во дербито со голот на Бенјамин Демир во вториот дел.

Во првиот дел немаше промени на резултатот, иако домаќинот беше поблиску до водство. Во вториот дел работите се сменија, Вардар одигра далеку подобро полувреме и заслужено дојде до гол, а на крајот и до три бода.

Силекс официјално се врати во Првата лига, откако триумфираше на домашен терен со 2:0 против Тетекс.

Во последните две кола за второто место ќе се борат Воска Спорт и Вардар. На 7 мај Воска Спорт ќе ја пречека Беса 1971, Вардар е домаќин на Силекс, а на 14 мај Воска Спорт му гостува на Силекс, додека Вардар му гостува на Кораб.

2МФЛ – Запад
25. коло, резултати: Силекс – Тетекс 2:0, Воска Спорт – Вардар 0:1, Кораб – Гостивар 0:1, Беса 1976 – Велешта 8:1, Охрид – Кадино Скопје 6:2.

Табела: Силекс 65 бодови, Воска Спорт 55, Вардар 52, Тетекс 35, Гостивар 33, Беса 1976 32, Охрид 28, Кораб 26, Велешта 17, Кадино Скопје 6.

Во Втората лига – Исток екипата на Слога Виница одигра само реми без голови со Саса, а тоа за преземање на лидерската позиција на табелата го искористи прилепска Победа која со 3:0 со двата гола на Спиркоски и еден на Мазари убедливо славеше над Беласица.

2МФЛ – Исток
25. коло, резултати: Победа – Беласица 3:0, Слога Виница – Саса 0:0, Кожуф Гевгелија – Осогово 1:0, Кит Го Пехчево – Братство 07 3:1, Детонит Јуниор – Лок. Градско 4:0.

Табела: Победа 56, Слога Виница 55, Беласица 53, Саса 45, Кожуф Гевгелија 34, Кит Го Пехчево 30, Детонит Јуниор 30, Осогово 27, Братство 07 14, Лок. Градско 6.

Еве го распоредот (за последните две кола) на натпреварите на Победа, Слога Виница и Беласица кои водат битка за првите две позиции:

7 мај

Победа – Кит Го Пехчево
Беласица – Слога Виница

14 мај

Слога Виница – Победа
Кожуф Гевгелија – Беласица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот