Сијарто: Оградата е единствен начин да се спречи илегалната миграција

Унгарски министер за надворешни работи, Петер Сијатро/ Фото EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Единствениот ефикасен начин да се запре илегалната миграција е подигнување на гранични огради, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на заедничката прес-конференција со летонскиот колега Едгарс Ринкевиќ.

Тој додаде дека е апсурдно што Европската унија се уште не покажува волја да ја финансира изградбата на границата во Унгарија, пренесе агенцијата МТИ.

Сијарто тврди дека притисокот врз ЕУ кој доаѓа од југ, југоисток и исток е „без преседан“.

„Сега Летонија, Литванија и Полска се соочуваат со истите проблеми како Унгарија од 2015 година“ вели Сијарто.

Без огради, смета тој, нема полиција или воена сила која би можела да заштити стотици километри од границата.

„Тешко е да се разбере зошто Европската комисија финансира се што ја интензивира миграцијата, наместо да најде начин да ја потисне. Се однесуваат како да не се од оваа планета, блокирајќи ја поддршката на државите кои сакаат да ја кренат оградата“ нагласи унгарскиот министер.

Сијарто ја повика ЕУ да се откаже од напорите насочени кон промена на составот на населението во Европа.

ВИДЕО | Хаос со мигрантите на границата со ЕУ: Белорусија „сака да предизвика инциденти со жртви“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот