Фото: EPA/CHRIS TORRES

Сиетл убедлив против Њу Ингланд во финалето на 60. Супербоул

Сиетл сихокс се новите шампиони на НФЛ, откако ги победија Њу Ингланд патриотс со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13) во 60. финале на Супербуол.

Сиетл убедливо ја освои својата втора титула во историјата, прва од 2014 година, а Кенет Вокер беше прогласен за најкорисен играч.

Главното име на Сиетл и на натпреварот беше токму Вокер, кој истрча 135 јарди, фати 26 и дојде до МВП признанието на еден од најголемите спортски настани во светот.

Секако, треба да ја истакнеме и одличната одбрана која успеа да освои три топки и да постигне дефанзивен тачдаун.

Сем Дарнолд од Сиетл исто така доминираше во мечот, запечатувајќи го својот пат од квотербек кој се мачеше до освојувач на највисоката награда во НФЛ.

Дарнолд имаше репутација на „непостоечки“ играч во малите натпревари, но во најважниот натпревар во неговата кариера, одигран во Санта Клара, Калифорнија, тој го водеше својот тим до победата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот