ПВЦ-прозор

„Си го продала угледот за попуст на ПВЦ-столарија“: Градежна инспекторка е уапсена во Хрватска

Во бранот апсења денеска во хрватскиот град Вараждин, уапсена е шефицата на градежната инспекција во општината, јави „24 сата“.

Порталот неофицијално дознава дека началничката на градежната инспекциска служба, Ирис Рожмариќ, е уапсена бидејќи му овозможила поволности на познат градежен инвеститор од градот, во замена за голем попуст на ПВЦ-столарија. Заедно со инспекторката уапсен е и истакнатиот вараждински претприемач Маријан Ракуш, еден од најголемите производители на ПВЦ-столарија под марката „Марлекс“. Во исто време, тој има и компанија „Марлекс инвест“, која гради станови и други објекти.

Без да ги откријат нивните имиња, истражителите наведоа дека инспекторот се договорил со инвеститорот да го предупреди за постапувањето на Државниот инспекторат. На крајот на ноември 2023 година, Рожмариќ го известила Ракуш дека таа е во неговиот продажен салон, а тој на својата вработена ѝ наредил да ја намали цената на нарачаните производи за 70 отсто. Наместо 2.800 евра, инспекторката платила платила само 840 евра за ПВЦ-столарија. Ова значи дека раководителката на градежната инспекција е обвинета дека го продала својот углед за поткуп од само 1.960 евра во ПВЦ-столарија, пишува „24 сата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот