Си-Ен-Ен: Десетици Индијци мислеле дека примаат вакцина, а всушност биле дел од клиничко истражување

epa09035469 An Indian woman receives a shot of COVID-19 vaccine during the vaccination drive at Dasappa government hospital in Bangalore, India, 25 February 2021. India began covid-19 vaccination on 16 January targeting health workers, while frontline workers were allowed earlier in February. People over 60 years old and over 45 years old with comorbidities are expected to be vaccinated starting 01 March. EPA-EFE/JAGADEESH NV

Десетици луѓе учествуваа во третата фаза на клиничко испитување на вакцина против коронавирус мислејќи дека всушност примаат веќе тестирана вакцина, открива Си-Ен-Ен.

Во декември во градот Бопал во Индија, бело комбе ги повика луѓето преку звучникот да дојдат, да се вакцинираат против коронавирус и да заработат 750 рупии (околу 10 американски долари). Локалното население, кое заработува двојно помалку за еден ден напорна, физичка работа, побрза да ја прифати понудата, особено што многумина останаа без работа поради пандемијата.

– Тие ни рекоа дека станува збор за вакцина против коронавирус и дека треба да се вакцинираме за да не се разболиме, изјави Јашода Баи Јадав за Си-Ен-Ен, домаќинка која со сопругот  учествувала во ова клиничко испитување.

Граѓаните велат дека дури подоцна, благодарение на локалните активисти, откриле дека не ја примиле одобрената вакцина, туку дека без нивна согласност учествувале во клиничко испитување на индиската вакцина Коваксин.

Во јануари повеќе здравствени организации во Индија повикаа на истрага во врска со наводите за етички прекршувања за време на клиничкото испитување на вакцината ковид-19, развиена заеднички од Индија Бхарат Биотех и Индискиот совет за медицински истражувања.

Меѓутоа, само половина од овие луѓе примиле вакцина, другата половина добила плацебо, што е вообичаена процедура при клиничко испитување.

Една учесничка ова дозна дури во разговорот со новинарите на Си-Ен-Ен. „Аха, значи не ја примив вакцината? Не знаев дека е можно да се добие инјекција со вода”, рече таа.

Нивното искуство покажува дека истражувачкиот тим од локалната болница, каде се спроведува истражувањето, не им објаснил доволно јасно на учесниците за што станува збор и дека само некои од нив примиле вакцина. Ако овие наводи се покажат точни, прашањето е дали истражувањето воопшто ќе биде признаено, затоа што според законот во таа земја, сите клинички испитувања бараат децидна согласност од сите учесници.

Сето ова заедно го покренува прашањето за квалитетот на истражувањето, а Амар Џесани, уредник на медицинско списание, се грижи дека ова може да доведе до обесхрабрување на луѓето да не се вакцинираат.

Третата фаза од клиничкото испитување на Коваксин вклучува околу 26 000 луѓе на 26 места. Ова е обично последната фаза пред одобрување на некој лек, во овој случај вакцина. Коваксин, сепак, беше одобрен во Индија во јануари исклучиво за итна употреба во исклучителни случаи и пред конечното одобрување.

Индија ја започна својата програма за имунизација на 16 јануари, вакцинирајќи ги здравствените работници, а целта е да се вакцинираат 300 милиони луѓе до јули. Во првите две недели вакцинираше околу 3,5 милиони здравствени работници.

Владата веќе купи 11 милиони дози од вакцината на АстраЗенека, Ковишелд, произведена од Институтот за серум во Индија и 5,5 милиони дози Коваксин Барат од Биотек. Според индискиот регулатор на лекови, Ковишилд е ефикасен 72 проценти, додека Барат Биотех квели дека резултатите од последната фаза од испитувањето на Коваксин се очекуваат до март

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот