„Си-ен-ен“: Многу руски војници се удавиле по уривањето на браната Нова Каховка

Фото: Твитер

Украински војници наводно биле сведоци како руските трупи од левиот брег на реката Днепар биле однесени од поплавата предизвикана од уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина, објави денеска „Си-ен-ен“.

Според капетан Андреј Пидлисниј, многу од руските војници се загинати или ранети во целосниот хаос што следел по уривањето на браната.

„Во вторник во утринските часови никој од руска страна не беше во можност да избега. Сите полкови на Русите на другата страна на реката беа поплавени“, изјави тој.

Пидлисниј верува дека Русите намерно ја нападнале браната за да ги пореметат плановите за претстојната офанзива на украинските сили.

На левиот брег на Днепар биле стационирани бројни руски сили кои не знаеле дека браната се урива и не успеале да се спасат. Според Украинците, тие не биле предупредени дека лошо им се пишува, најверојатно поради тоа што руските команданти сакале да „играат на елементот изненадување“.

Украина смета дека Русија намерно ја дигнала во воздух браната, додека Кремљ пак вели дека силите на Киев го извеле нападот.

Сеуште не постојат докази за заклучна подршка на тврдењета на една од страните, додека анализата на видеата од браната, последователниот пробој и посебно испитувањето на сателитски снимки сугерираат дека уривањето можеби било разултат на оштетување во градбата откако Русите ја окупираа браната лани во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот