фото: facebook.com/fcshkupi1927

„Шверцери“ бараат да раководат со Шкупи

Фудбалскиот прволигаш Шкупи се наоѓа во длабока криза по есенскиот дел од сезоната во кој освои само еден бод во ПМФЛ. Навивачката група „Шверцери“ одлучи да реагира остро и јавно упати ултиматум до сопственикот на клубот, Јасин Коњали, барајќи итни и конкретни чекори за стабилизирање на клубот.

„ФИНАЛЕН УЛТИМАТУМ УПАТЕН ДО СОПСТВЕНИКОТ НА КЛУБОТ, ЈАСИН КОЊАЛИ

Во овој критичен момент за иднината на клубот, сме должни јавно и директно да му се обратиме на сопственикот на клубот, Јасин Коњали, со јасен, концизен и конечен став.

Актуелната состојба е неприфатлива и нестабилна. Клубот повеќе не може да продолжи во ваква состојба на неизвесност, неодговорност и молк. Оваа спортска институција не е ничија лична сопственост, туку заедничка вредност која ги претставува фудбалерите, стручниот штаб, навивачите и целата заедница што стои зад неа.

Нашето барање е едноставно и јасно:
Клубот мора официјално да ни биде предаден, преку сите законски и административни процедури, без понатамошно одолговлекување. Секое понатамошно избегнување или одлагање е неприфатливо и директно ѝ штети на иднината на клубот.

Изразуваме најдлабока благодарност и безусловна почит кон директорот, стручниот штаб и локалните фудбалери кои со достоинство, жртва и искрена љубов кон клубот останаа покрај него во најтешките моменти. Повеќе од шест месеци тие работеа без плата, без сигурност и без гаранции, но никогаш не го напуштија клубот. Тие го одржаа духот на клубот жив, работеа тивко и дадоа сè од себе – не за личен интерес, туку за честa, достоинството и континуитетот на името.

Ултиматумот на „Шверцери“ до сопственикот е конечен:

Лично да се појави
Да изврши целосен и неповратен трансфер на клубот
Клубот да биде регистриран на име на „Шверцери“
И потоа дефинитивно да се повлече од каква било улога, влијание или одговорност поврзана со клубот
Овој чекор е неопходен за да се врати стабилноста, довербата и надежта. На клубот му се потребни јасност, лидерство и вистинска одговорност – а не празни ветувања или отсуство.

Ова не е емоционален апел на моментот, туку промислен, обединет и конечен став.
Иднината на клубот повеќе не смее да биде заложник.

Ова е ултиматум. И ова е крајот на чекањето“, се вели во соопштението.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот