Швеѓанецот со македонско потекло Кулушевски позитивен на ковид-19

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Денеска од лекарскиот тим во шведската репрезентација информираа дека крилниот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски е позитивен на ковид-19.

Причина поради која фудбалерот на „Старата дама“ ќе го пропушти првиот натпревар на Европското првенство против Шпанија.

И „црвената фурија“ има проблеми со коронавирусот, односно за споменатиот меч нема да може да смета на Серхио Бускетс, кој исто таке е во изолација.

Дербито во Севиља помеѓу Шпанија и Шведска ќе се игра на 14 јуни во рамките од првото коло во групата „Е“ каде што се наоѓаат уште Полска и Словачка.

– Веруваме дека Дејан се зарази за време на одмор. Утрово тој се пожали на настинка, па направи ПЦР-тест кој се покажа како позитивен. Се надеваме дека не пренел зараза на никого – рече докторот на шведската репрезентација, Андерс Валентин, додавајќи дека Швеѓанецот со македонско потекло ќе мора да биде изолиран една недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот