Шведски епидемиолог тврди дека останатите грешат во борбата со Ковид – 19

Тегнел вели дека нема научни докази за делотворноста на карантинот кога станува збор за ваков тип болести.

Главниот сведски епидемиолог Андерс Тегнел за магазинот „Nature“ го објаснува шведскиот модел на борба против пандемијата со корона вирусот.

– Мислам дека премногу се зборува за нашиот пристап. Како и другите држави, настојуваме да ја израмниме кривата на вирусот, односно да го успориме ширењето на заразата колку што е можно повеќе. Болеста нема да можеме да ја запреме се додека не произведеме вакцина, вели Тегнел.

Тој додава и дека законските можности на Шведска се многу поразлични од другите земји во светот.

– Шведските закони за заразни болести главно се темелат на доброволна основа, односно на индивидуална одговорност. Јасно е наведено дека граѓаните имаат одговорност да не ја шират инфекцијата. Според постоечките закони нема основа за затворање на градови. Карантин може да се одреди на помали подрачја како училишта или хотели, но не можеме да затвориме цели географски подрачја, појаснува Тегнел.

– Јас мислам дека затворањето граници е апсурдно, бидејќи корона вирусот сега е распространет во секоја европска земја. Како општество настојуваме луѓето постојано да ги потсетуваме да се придржуваат до мерките за заштита. Не мора се да затвориме бидејќи тоа би било контрапродуктивно, смета шведскиот епидемиолог.

Пристапот на Шведска предизвика голем број критики и меѓу некои домашни и странски експерти, а оваа земја до сега има регистрирано 15.322 заразени лица и 1.765 смртни случаи.

– Некои би сакале да мислат дека Шведска има стратегија и дека нештата унапред ги согледува, особено што нашата земја од секогаш имала поразличен начин на борба со ширењето на инфекцијата. Други би помислиле дека нашите надлежни власти добро се подготвиле откако започна епидемијата во Кина, особено што тогаш беше јасно дека овој проблем ќе има светски размери. Доколку Шведска имаше добро разработена стратегија, тешко дека ќе имаше пропорционално иста стапка на смртност како Италија, а 10 пати поголема од нашиот сосед Франција, изјавува шведскиот епидемиолог.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот