Шведска е далеку од колективен имунитет

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Истражување во Шведска покажа дека до крајот на април, само 7,3 проценти од жителите на Стокхолм развиле антитела на коронавирусот, што може да ги зголеми стравувањата, дека Шведска, која не воведе карантин, нема да постигне колективен имунитет така брзо како што се надеваше.

Луѓе на прошетка во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Оваа стратегија ја заговараше главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој препорача да се користат доброволни мерки против ширење на вирусот, за разлика од другите земји кои воведоа задолжителни мерки и карантин. На средината на април група експерти испратија писмо како реакција на ваквата одлука, со апел „радикално да се промени шведскиот пристап“.

Во Шведска, повеќето училишта, ресторани, кафулиња и деловни објекти останаа отворени, дури и додека поголемиот дел од Европа беше затворена. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 е многу поголем отколку во другите нордиски земји, иако е помал отколку во земји како Велика Британија, Италија и Франција.

Луѓе купуваат храна од кантина во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска се намали за една третина, откако го достигна својот врв на крајот на април, а здравствените власти тврдат дека епидемијата забавува. Сепак, во последните седум дена Шведска забележа најголем број смртни случаи по глава на жител во Европа.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Со истражувањето за антитела, тие сакаа да утврдат дали постои потенцијал за колективен имунитет, односно дали доволен број од популацијата развиле имунитет, што би спречило да се шири инфекцијата.

Шведската здравствена агенција вчера соопшти дека резултатите од тоа истражување се совпаѓаат со нивните модели дека е заразен речиси третина од Стокхолм, објаснувајќи дека студијата е спроведена пред многу време, така што болеста во меѓувреме се проширила.

Луѓе уживаат во сончевото време во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

– Тоа е нешто помалку отколку што очекувавме, но не многу, можеби за еден до два процентни поени, рече Тегнел.

Концептот на колективен имунитет сè уште не е тестиран во однос на коронавирусот и не се знае колку трае имунитетот од инфекција кај оздравените пациенти.

Истражувањето е направено врз основа на 1,1 илјади тестови од цела Шведска, а објавени се само бројките за главниот град.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Шведскиот пристап кон епидемијата на новиот коронавирус е предмет на критика како и од некои граѓани на Шведска, така и од здравствени експерти од други земји .

Во Шведска во април оваа година забележан е најголем број на смртни случаи од 1993 година. Според статистичките податоци на Шведска, од вкупно 10.3 милиони жители, регистрирани се 10.458 смртни случаи во април. Во декември 1993 година, Шведска евидентирала вкупно 97.008 смртни случаи, најголем број од 1918 година, кога пандемијата на шпанскиот грип одзеде голем број животи во земјата.

– Никогаш не сум напишал олку многу посмртници, никогаш не сум работел олку многу часови, вели Иса Јакуб, доктор кој работи во една од најголемите државни болници во Стокхолм, надоврзувајќи се на експертите кои во април предупредија дека Шведска ќе се соочи со „историски масакр“.

Луѓе седат на пијачка во паб во Стокхолм, фотографија од 23 март годинава / Фото: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Шведска со највисока стапка на смртност од 1993 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот