ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Шведска со највисока стапка на смртност од 1993 година

Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson

Шведска многу брзо се откажа од рестриктивните мерки и воведување карантин,како во други европски земји, засновајќи го нивниот пристап во борбата против епидемијата врз „принципот на одговорност”.

Во Шведска во април оваа година забележан е најголем број на смртни случаи од 1993 година. Според статистичките податоци на Шведска, од вкупно 10.3 милиони жители, регистрирани се 10.458 смртни случаи во април.

Во декември 1993 година, Шведска евидентирала вкупно 97.008 смртни случаи, најголем број од 1918 година, кога пандемијата на шпанскиот грип одзеде голем број животи во земјата.

Луѓе на пазар во Малмо / Шведска, 29 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson SWEDEN OUT

Од Заводот за статистика на Шведска истакнаа дека нема официјално објаснување за големиот број на починати лица во декември 1993 година, но напоменуваат дека во тоа време имало епидемија на грип.

Шведска многу брзо се откажа од рестриктивните мерки и воведување карантин,како во други европски земји, засновајќи го нивниот пристап во борбата против епидемијата врз „принципот на одговорност”.

Луѓе на прошетка во Стокхолм / 08 мај 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Шведскиот пристап кон епидемијата на новиот коронавирус е предмет на критика како и од Шведска, така и од другите земји, а бројот на починати од Ковид-19 е значително поголем отколку во соседните земји што воведоа рестриктивни мерки.

Од почетокот на пандемијата, во Шведска се забележани вкупно 30.377 позитивни случаи на новиот коронавирус, од кои починати се 3.698 лица.

Сите го критикуваа моделот на Шведска против коронавирусот, а сега и завидуваат?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот