Швајцарија со зајакнати контроли за обврската да се работи од далечина

Во Швајцарија постои обврска да се работи од дома, па кантоните сега испраќаат инспектори во канцелариите на компаниите за да го следат спроведувањето на оваа мерка против Ковид-19.

Од друга страна, работодавците ги критикуваат властите, посочувајќи дека наместо да воспостават режим на контрола, тие треба да се посветат на борбата против пандемијата.

Според одлуката на Владата, во сите компании каде тоа е можно, работата од дома е задолжителна, а исклучок е дозволен само кога таквата работа не е можна.

Неколку кантони најавуваат контроли, како кантонот Шафхаузен, што укажува на тоа дека компаниите ќе бидат посетени од инспектори и дека компаниите ќе треба да докажат како ја применуваат обврската за работа од дома.

Кога компанијата ќе ја прекрши обврската за работа од далечина, прво ќе биде предупредена, а во случај на повеќекратно кршење на прописите, таа ќе биде санкционирана.

Кантоните Луцерн, Аргау и Солотурн најавуваат контроли од следната недела.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот