Швајцарците на денешниот референдум го поддржаа новиот ковид закон

ковид сертификат
Ковид сертификат / Фото EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

Швајцарците на денешниот референдум го поддржаа новиот закон за Ковид, согласно кој се воведува ковид пропусница, покажуваат првите проекции на истражувачкиот институт gfs.bern.

Според првичните проекции, за законот гласале 63 отсто од граѓаните, со маргина на грешка од три процентни поени.

Противниците на здравствениот сертификат, што го иницираа референдумот загубија, што не е изненадување бидејќи предреферендумските анкети постојано ги фаворизираа приврзаниците на законот.

Само популистичката десничарска политичка партија УДЦ, главната политичка партија во земјата, повика на гласање против законот.

Гласањето за т.н Закон за ковид-19, кој покрај воведувањето здравствени пропусници, исто така, ослободува милијарди швајцарски франци како помош за вработените и компаниите погодени од пандемијата, се случува во време кога Швајцарија, како и многу други земји во Европа, се соочува со голем скок на бројот на новозаразени со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот