Штрајкуваат германски железничари, за Дојче Бан ова е „луд потег“

Железничарите во Германија најавија 50-часовен штрајк откако не постигнаа договор за платите со Дојче Бан. Штрајкот започна во 22:00 часот во недела, на 14 мај, и ќе ја запре германската железничка мрежа. Германскиот транспортен синдикат ЕВГ претставува околу 230.000 работници во железницата и автобусите од 50 компании, вклучително и Дојче Бан. Локалниот транспорт, вклучително У-Бан и трамваите, ќе останат во функција. Шефот на кабинетот на Дојче Бан, Мартин Зајлер, штрајкот го нарече „луд, неоснован и целосно претеран“. ЕВГ бара повисоки плати за своите членови за да се борат против зголемената стапка на инфлација. Дојче бан не го исполни барањето на синдикатот за зголемување на платите за 12 отсто. Преговорите меѓу ЕВГ и Дојче Бан се очекува да се одржат на крајот на мај, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот