Што точно се случи со Ким Џонг-ун?

ким џонг ун EPA-EFE/KCNA

Трагите на зглобот на десната рака на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун навестуваат дека тој имал операција на срцето, тврдат медицински стручњаци кои ги гледале видео снимките од неговата посета на една фабрика после тринеделното отсуство од јавниот живот, пренесува Дејли мејл.

Луѓе во Јужна Кореја го гледаат првото појавување на Ким Џонг-ун по тринеделното отстуство во јавноста / 02 мај 2020 година, Соеул, Јужна Кореја / Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Меѓутоа, официјални лица од Јужна Кореја сметаат дека тој немал никаква операција.

  • Имало медицински извештаи во кој се шпекулира за операција извршена верз него, кои наведуваат и промена во начинот на кој тој се движи – изјавил неименуван јужнокорејски функционер, кој додал дека Сеул имал доволно причини да заклучи дека Ким Џонг-ун воопшто не бил опериран.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун вчера се појави во јавноста после 20 дена отсуство и присуствуваше на церемонија на отварање на фабрика северно од Пјонгјанг, објави државната агенција КЦНА.

Ким ја сече црвената лента на отварањето на фабриката во Сунчон, Северна Кореја / 01 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Светските медиуми со денови шпекулираа за неговата здравствена состојба, тврдејќи дека после неколку неуспешни операции тој бил во животна опасност.

Пред неговото вчерашно појавување во јавноста, Ким Џонг-ун последно беше виден на 11 април на седница на Полибирото на владејачката Работничка партија. Шпекулациите за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун започнаа кога тој не се појави на една од најважните државни настани, одбележувањето на 108 години од раѓањето на Претседателот Ким II Сунг – таткото на Северна Кореја и дедото на Ким . Манифестацијата се одржа на 15 април.

ПРОЧИТАЈТЕ:

Мистериозниот воз на Ким Џонг-ун: Секогаш се вози со девици и јаде со сребрени стапчиња

Ким Џонг-ун и севернокорејската традиција на исчезнување од јавноста

Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната 
владетелка на Северна Кореја?

Мистеријата за децата на Ким Џонг-ун: Никој не знае колку се, а Денис Родман ги видел 
и еве што вели за нив

Ким Џонг-ун и севернокорејската традиција на исчезнување од јавноста

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот