Што се случува во вашиот мозок додека водите љубов: Експлозија од хормони и исклучување на „центарот за грижи“
Интимните односи имаат силно влијание врз работата на мозокот, а ефектите што се јавуваат за време на сексуалниот однос продолжуваат и по оргазмот. Стручњаците објаснуваат кои промени се случуваат во мозочната активност.
Препорачано
Гинекологот Сачиданданде Маити за „Метро“ вели дека оргазмот може да се спореди со „целотелесен огномет“ кој предизвикува реакции од мозокот па сè до кожата.
„Кога ќе го достигнете врвот, телото поминува низ низа промени – некои очигледни, други навистина необични. Мозокот е преплавен со допамин, окситоцин и ендорфини – хемикалии поврзани со опуштање, задоволство и чувство на среќа“, објаснува тој.
Истражувањата на мозочната активност покажуваат дека оргазмот ги активира истите региони како и одредени медикаменти, што делумно може да го објасни „посторгазмичниот занес“. Се зголемува и нивото на серотонин – хормонот кој го поттикнува чувството на благосостојба, па затоа по секс многумина се чувствуваат исклучително среќно.
За време на оргазмот, мозокот ги „гасне“ центрите задолжени за размислување и грижа (nucleus accumbens и вентралното тегментално подрачје), овозможувајќи целосно доживување на моментот.
„Истовремено, центарот за награда – делот што управува со задоволството и мотивацијата – станува исклучително активен“, додава Маити.
Активноста на префронталниот кортекс, кој е одговорен за проценување и логичко донесување одлуки, се забавува. Затоа човек се чувствува помалку напнат и поопуштен. Сексот ја стимулира и амигдалата – делот од мозокот кој ги обработува емоциите.


