Што се случува во вашето тело кога наутро јадете јајца? – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Што се случува во вашето тело кога наутро јадете јајца?

Aмериканските истражувачи открија дека консумацијата на јајца за појадок пропратено со полесна исхрана двојно го забрзува губењето на килограмите.

Канадските научници открија дека доколку појадувате јајца ќе имате намален ризик од кардиоваскуларни болести и рак.

Јајцата се одличен извор на протеини и ги содржат витамините А, Д, Е, и Б12, рибофлавин и фолати, како и минералите јод, железо, калциум, цинк и селен.

Тајната, според канадското истражување, е во тоа што јајцата содржат триптофан и тирозин. Ако го започнете денот со две варени јајца ќе имате енергија да го започнете денот со работен елан.

Исто така, ваш избор можат да бидат и пржени јајца кои се препочаруваат како појадок ако сте на диета и сакате да ослабите.

Единствено правило е доколку јадете јајца со нив да не мешате јаглени хидрати – односно леб и други житни производи. А американските истражувачи открија дека консумацијата на јајца за појадок пропратено со полесна исхрана двојно го забрзува губењето на килограмите.

Јајцата треба да бидат вашиот избор за појадок бидејќи освен претеини, во значителни количини ги поседуваат речиси сите есенцијални витамини и минерали, како и други состојки кои поволно делуваат на здравјето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close