Фото: Pexels / Deon Black

Што се случува ако престанете да мастурбирате? Истражување покажа дека постојат неколку последици

Ново истражување го потврди она што многумина од нас веќе го знаеја – мастурбацијата е добра за телото и умот. Ако си го негирате ова, може да имате негативни последици., пишува „Њујорк пост“.

Имено, 1.000 жени учествуваа во истражувањето, кое го спроведе компанијата што произведува играчки за возрасни „Меџик вонд“. Во текот на три недели, тие бележеа информации за нивниот интимен живот.

Една недела апстинираа, друга недела користеа вибратор од гореспоменатата компанија, а третата недела практикуваа „нормален“ секс.

Дневната употреба на вибратори генерално го подобри квалитетот на нивниот живот. Тие беа посреќни, се чувствуваа поудобно во своите тела, имаа поголема самодоверба и подобар квалитет на спиење.

„Со оглед на состојбата во светот и стресот и вознемиреноста што ги доживуваме, сметаме дека оргазмите можат да ни помогнат да останеме „приземјени“ и да најдеме радост“, изјавила водечката истражувачка д-р Кандис Никол Харгонс.

Користењето секс играчки не им помогна само на слободните жени, туку и на жените во врски. Додека користеа вибратори, тие забележаа подобрување во нивниот секс со своите партнери.

Кога се вратиле на „редовниот“ секс, забележале дека нивната врска со партнерот „ослабнала“. Секако, ова не значи дека „редовниот секс“ е лош, туку едноставно значел дека не може да се спореди со интензитетот и задоволството што ги обезбедувала оваа играчка.

Во текот на неделата што немале секс, биле несреќни, имале лоша слика за своето тело и им недостасувала подобра конекција со партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот