Што се случи со Оксфордската вакцина? Волонтерите ги откриваат симптомите на „необјаснивата“ болест

Profimedia

Поради појавата на трансверзален миелитис кај еден од волонтерите, се прекина клиничкото испитување на оксфортската вакцина „АстраЗенека“. Трансверзален миелитис е воспалителна болест на рбетниот мозок предизвикана од автоимун процес, при што телото го напаѓа сопственото ткиво на нервниот систем. Овој автоимун процес може да биде поттикнат од инфекција, автоимуна болест или непознати причини.

Волонтер што ја примил вакцината во мај, откри дека 14 часа по примањето на вакцината почнал да чувствува тешки симптоми – висока температура, главоболка и умор.

Волонтерот откри дека симптомите траеле неколку дена.

Се разбудив околу два часот наутро и се смрзнував, имав температура повисока од 39 степени. Температура имав само еден ден, но со недели се чувствував уморно и слабо“, откри за Дејли мејл волонтерот, кој сака да остане анонимен.

Првите два дена по примањето на вакцината имал силна главоболка и не можел да стане од креветот.

„Бидејќи е идентификувана болест кај волонтерите која може да биде поврзана со вакцината, ги одложуваме клиничките испитувања додека не добиеме повеќе информации за тоа. Поради големиот број испитаници кои пријавија несакани ефекти од вакцината (околу 18.000 ширум светот), мора паметно да ги истражиме причините за пријавените симптоми за да дојдеме до сигурни одговори. По вообичаената пракса, случајот внимателно ќе го прегледа независниот одбор за безбедност на пациентите на Обединетото Кралство“, гласела содржината на пораката која волонтерот ја добил на мејл од Универзитетот вечерта пред да треба да ја прими новата доза од вакцината.

АстраЗенека“ го опиша прекинувањето на тестирањето на вакцината како рутинско, а болеста кај волонтерите како „необјаснива“.

Меѓутоа „Њујорк тајмс“ пренесува дека кај доброволците во британската група испитаници се појавиле невролошки симптоми –  воспалителен синдром кој го погаѓа рбетниот столб и кој може да биде резултат на вирусна инфекција или разгорување на некоја автоимуна болест. Оваа болест ја спречува комуникацијата меѓу мозокот и телото под нивото на воспалението. Симптомите се јавуваат само во делот на телото под линијата на воспалението и се однесуваат на отежнато движење и сензорни проблеми.

Времето на поставување на дијагнозата и тоа дали е поврзана со примената вакцина, сѐ уште се непознати.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот