Што покажа истражувањето? Список на заштитни маски – од најдобра до најлоша

Жени со заштитна маски на плоштад „Македонија“ во Скопје ковид-19 коронавирус
Жени со заштитни маски на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Погледнете што покажало истражувањето, кои маски се покажале како најдобри, а кои најлоши во заштитата од коронавирусот.

Постои многу едноставен трик со кој можете да проверите дали вашата маска за лице е доволно заштитна: обидете се да го изгаснете пламенот на свеќата додека ја носите. Квалитетната маска треба да го спречи тоа.

Овој трик, се разбира, не е стопроцентно докажан метод за тестирање на квалитетот на маските, ниту пак можете да гарантирате безбедна заштита, но сигурно може да помогне да се утврди која маска не е добра.

Откако Центрите за контрола и превенција на болести ширум светот почнаа да препорачуваат носење маски на сите граѓани, истражувачите постојано ги тестираат најдобрите материјали за нивно производство, со цел подобра заштитата од новиот коронавирус, пишува Бизнис Инсајдер.

ГТЦ Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Идеалната маска треба да го блокира ширењето на респираторните капки кои се шират со кашлање и кивање – тоа е основниот начин на пренесување на вирусот, но исто така треба да блокира помали честички, аеросоли, кои се шират кога луѓето зборуваат или издишуваат.

Маската исто така треба да се закачи околу носот и устата, бидејќи ако има дупка или отвор, капките може да „протечат“ и да заразат друго лице.

Скопје / Април 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Под претпоставка дека маските се носат правилно, одредени материјали постојано покажуваат подобри резултати за време на студиите.

Погледнете ја листата на најдобри и најлоши маски, направени според резултатите од истражувањето:

No description available.
принтскрин

Општо правило е дека ткаенината што се користи за изработка на маската треба да е што е можно поцврста, бидејќи подобро ќе ги филтрира честичките.

Исто така, пожелно е маската да има што повеќе слоеви, а Светската здравствена организација препорачува маските од ткаенина да имаат најмалку три: првиот, внатрешниот слој што апсорбира, средниот слој што филтрира и надворешниот слој изработен од неабсорбирачки материјал како што е полиестер.

Памучни маски / Фото: Ансплаш

Маските H95 се покажаа како најдобри на тестирањата, а како што кажува и нивното име тие имаа ефикасност од 95% во аеросолната филтрација. Тие најсилно ги затвораат носот и устата, така што многу малку вирусни честички влегуваат и излегуваат. Тие исто така содржат сложени влакна за филтрирање на патогени во воздухот.

Неодамнешна студија на Универзитетот Дјук откри дека помалку од 0,1 процент од капките се пренесувале преку маската N95 додека носителот зборувал.

Маска N95 / Фото: EPA/NARONG SANGNAK

Што се однесува до маските направени дома, истражувањето објавено во јуни во „Journal of Hospital Infection “ покажа дека најдобрата алтернатива на маски се оние направени од кеси за правосмукалка, по што следат маски направени од крпи, навлаки за перници, свила и 100 процентни памучни маици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот