Штедел за одмор од соништата, а заглави на празен аеродром на Филипини: Голготата на овој Естонец како од филмот „Терминал“

Фото: Profimedia

Истакна дека се чувствува како затвореник и дека ја замолил амбасадата за помош, но не можела да му организира повратен лет.

Туристот од Естонија, Роман Трофимов, вели дека поради пандемијата од коронавирус веќе 110 дена живее на празен аеродром на Филипини.

Година дена штедел за патување од соништата, меѓутоа, сега е заробен на аеродромот зошто Манила воведе посебни правила во текот на борбата со коронавирусот.

Патувал во југоисточна Азија кога почна воведувањето на карантин, и тврди дека му е одземен пасошот.

Во бизарната сага која потсетува на познатиот филм „Терминал“ со Том Хенкс, Естонецот за странските медиуми рече дека со месеци јаде и спие на аеродромот. Личната хигиена ја одржува во тоалетите, иако до сега веќе има долга брада и коса, а персоналот го снабдува со храна и грицки.

Тој сподели и фотографии од своите „оброци“, на кои се шишиња вода и чоколади. Речено му е дека мора да остане таму додека не се сменат правилата на карантинот.

Трофимов апелира да го спасат од аеродромот, на кој се наоѓа од 20. март, откако стигнал со летот од Бангкок.

Очајниот турист моли за помош и вели дека аеродромот изгледа како град на духови – персоналот ретко го гледа, а повеќето авиони се приземјени.

Како што вели, спие на металните столици и студениот под на аеродромот.

На крајот конзулатот на Естонија успеа да му помогне за биде префрлен во патничкиот салон на 1. април.

Истакна дека се чувствува како затвореник и дека ја замолил амбасадата за помош, но не можела да му организира повратен лет.

После многу перипетии, на Трофимов му било соопштено дека конечно ќе се врати во Талин на 8 јули.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот