Фото: EPA/ALLISON DINNER

Шрудер суспендиран на три натпревари поради обидот за физички напад врз Дончиќ

Кошаркарот на Сакраменто кингс, Германецот Денис Шрудер е суспендиран на три натпревари поради обид за физички напад врз Лука Дончиќ, соопшти НБА лигата.

Инцидентот се случи на 28 декември, по поразот на Кингс од Лос Анџелес лејкерс со 125:101.

Според НБА, околу 40 минута по завршувањето на натпреварот, Шрудер се обидел да го удри Дончиќ пред соблекувалната, но двајцата играчи биле разделени од присутните членови на тимот.

Поради суспензијата, Шрудер нема да игра на претстојните натпревари на Сакраменто против Хјустон рокетс, Лос Анџелес лејкерс и Њујорк никс, и истите ќе го чинат 291.000 долари.

НБА лигата уште еднаш покажа дека однесувањето зад затворени врати не е надвор од нејзиниот дофат. Без оглед на тоа дали навистина се случил физички контакт, обид за тепачка и барањето конфронтација по натпреварот носи сериозни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот