Шпекулациите за нарушената здравствена состојба го налутија американскиот претседател

Фото: Facebook

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази гнев поради шпекулациите за неговата здравствена состојба по непланираната посета на воената болница во Вашингтон изминатиот викенд.

Американскиот претседател кој има 73 години, во саботата беше во болницата Волтер Рид на годишен преглед, соопшти Белата куќа. Таа ненајавена посета, која доаѓа девет месеци по претходната, отвори голем број прашања во јавноста.

На состанок со членовите на неговиот кабинет во Белата куќа, Трамп денеска се пожали дека неговата сопруга го прашала дали е во ред кога се вратил од доктор, и оти се зборува дека има проблеми со срцето.

– Таму бев кусо време, рутински. Направив неколку лекарски прегледи, остатокот ќе го направам во јануари – додаде Трамп и почна да ги напаѓа медиумите.

– Тие луѓе се болни! Медиумите во оваа земја се опасни. Деновиве немаме слобода на печатот, го имаме спротивното. Имаме корумпираните медиуми и се надевам дека ќе се освестат затоа што тоа е многу лошо и многу опасно за нашата земја, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот