Шпанскиот суд го затвори случајот со несреќата во која загина Жота
Шпанските правосудни институции заклучија дека нема основ за кривична одговорност во трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Препорачано
Со ова практично е затворена истрагата за една од најпотресните несреќи во поновата фудбалска историја.
Несреќата се случи на 3 јули минатата година на автопатот A-52, во близина на Цернадиља. Автомобилот во кој се наоѓаа браќата излетал од коловозот при обид за претекнување, удрил во заштитна ограда и потоа се запалил.
Истрагата, спроведена под надзор на судот и со вклучување на сообраќајни експерти, утврдила дека клучната причина за несреќата било пукање на гума, по што возачот ја изгубил контролата врз возилото.
По разгледување на сите докази, судот оценил дека нема елементи за кривично гонење. Браќата биле на пат кон Сантандер, од каде планирале со траект да заминат за Обединетото Кралство. Жота требало да им се приклучи на подготовките на Ливерпул за новата сезона, а истрагата потврдила дека токму тој управувал со автомобилот во моментот на несреќата.
Трагедијата добива уште подлабока тежина ако се има предвид дека само 11 дена претходно, во Порто, Жота стапи во брак со својата долгогодишна партнерка Руте Кардосо.
ВИДЕО | Организаторите на „Златната топка“ на вчерашната церемонија не го заборавија и Жота
ФОТО: Не го заборава својот пријател, Невеш посвети тетоважа на Жота
ФОТО+ВИДЕО | Ливерпул на „Енфилд“ го испрати Диого Жота со емоции и аплауз


