Шпанскиот премиер помилува девет каталонски лидери
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги помилува сите девет лидери на сепаратистичкото движење во Каталонија кои беа осудени за нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на тој регион во 2017 година.
Санчез ги објави помилувањата во телевизиско обраќање до нацијата и посочи дека тие се условени и дека забраната за лидери кои извршуваат која било од јавните функции останува во сила.
Во 2019 година, тие беа осудени на затворски казни од девет до 13 години затвор за злоупотреба на јавни средства за организирање референдум за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Санчез ги опиша помилувањата како гест на добра волја и прв чекор кон решавање на политичкиот спор со Каталонија.
Еден од лидерите, Раул Ромево, кој беше осуден на 12 години затвор за улогата на шеф на дипломатијата на Каталонија, посочи дека регионот ќе продолжи со својата борба за самоопределување.
„Со помилување на девет лица, не можам да ја сокријам репресијата што тие ја продолжуваат против стотици сепаратисти. Ние нема да се откажеме од борбата. Амнестија и самоопределување“, истакна Ромева.
Тој и другите водачи ќе бидат ослободени од затвор откако ќе бидат објавени помилувањата во Службен весник.