Шпански фудбалски талент ќе му биде соиграч на Алиоски во Ал Ахли

фото: EPA-EFE/Toni Albir

Габри Веига (21) е еден од најдобрите млади шпански фудбалери. Играчот од средниот ред на Селта во последниве месеци наголемо се поврзуваше со Реал Мадрид и Наполи.

На почетокот на пролетта се чинеше дека Реал ќе го откупи и ќе го остави во Селта на позајмица, но договор не беше постигнат. Наполи на Елиф Елмас цело лето преговараше со Селта и играчот, но трансфер не се реализираше.

Наполи се откажа од потписот на Веига откако во петокот Селта ги промени условите на трансферот, а потоа во приказната влезе и клубот на Езџан Алиоски, Ал Ахли од Саудиска Арабија, кој ѝ го понуди на Селта тоа што го бараше.

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека преговорите се воделе во тајност и не се познати конкретни бројки.

Според „Трансфермаркт“, Веига вреди 30 милиони евра, а во „Ла Лига“ на 50 натпревари постигна 11 гола и четирипати асистираше. Има девет настапи за У-21 репрезентацијата на Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот