Шпанија се заканува со бојкот на Светското првенство поради Израел
Шпанските власти изразија остри реакции и наговестија дека би можеле да ја повлечат својата репрезентација од фудбалскиот Мундијал кој ќе се одржи следното лето во Канада, Мексико и САД.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Европскиот шампион Шпанија ги започна квалификациите со две победи од два натпревари, но се појавија навестувања дека тимот на Луис де ла Фуенте би можел да се повлече од Мундијалот во знак на протест доколку Израел се пласира.
Израел моментално е трет во својата квалификациска група, но има реални шанси за пласман барем во баражот. Заостанува шест бодови зад водечката Норвешка, но е изедначен со второпласирана Италија. Само победникот на групата оди директно на Светското првенство, а второто место води во бараж.
Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно повика Израел да се исклучи од меѓународни спортски натпревари поради случувањата во Газа. Тој порача дека Израел треба да биде третиран исто како Русија, која беше суспендирана од FIFA и UEFA по инвазијата на Украина во 2022 година.
„Израел не може да продолжи да ги користи меѓународните платформи за перење на својот углед“, рече Санчез.


