Шпанија прими гол во судиското продолжение, на чуден начин се извади и ќе игра за медал

EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Олимписката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот полуфиналист на Игрите во Токио откако по продолженијата со 5:2 ја совлада селекцијата на Брегот на Слонова Коска.
По регуларните 90 минути, резултатот беше 2:2, по што „фуријата“ со три гола во продолжението ги реши дилемите околу победникот и патникот во полуфиналето.

Но, Шпанија беше на прагот на елимиинација бидејќи прими гол во првата минута од судиското продолжение, Градел погоди за 2:1. Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, во игра го внесе Рафа Мир кој во првиот контакт со топката постигна гол за израмнување на 2:2. Претходно, во првото полувреме Ерик Баи го отвори резултатот во 10. минута, а Дани Олмо израмни во 30. минута.

Во продолжението, Ојарзабал во 98. минута донесе предност на Шпанија со голот од пенал, а во последните минути од средбата Рафа Мир постигна два гола со кои ја однесе својата репрезентација во полуфиналето.
Противник во полуфиналето ќе им биде подобриот од дуелот Јапонија – Нов Зеланд каде исто така се играат продолженија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот