Шпанија преку Словенија во четвртфиналето на Светското ракометно првенство

фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Најдобрата ракометна репрезентација на Шпанија запиша нова победа на Мундијалот кој се одржува во Полска и Шведска. Денеска во второто коло од главната фаза шпанските ракометари триумфираа над Словенија со резултат 31:26.

На тој начин црвената „фурија“ прва го обезбеди пласманот во четвртфиналето, а како најсериозни кандидати влез меѓу најдобрите осум на СП се и Французите од групата „1“.

Најефикасни во денешната победа на Шпанците беа Одриозола со шест голови, а еден помалку забележа Д. Дујшебаев. За Словенците доминираше Доленец со седум погодоци.

Во групата „2“ Португалија ја оправда фаворитската улога против Зеленортските Острови (35:23) и остана во игра за пласман во четвртфиналето.

Ареја блескаше со девет голови победата, а на спротивната страна Пина шестпати се запиша во листата на стрелците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот