Шпанија/Selección Española de Fútbol

Шпанија на Мундијалот ќе оди без ниту еден фудбалер на Реал Мадрид?!

Шпанија важи за еден од главните кандидати за светската титула на претстојниот Мундијал, но селекторот Луис де ла Фуенте би можел да донесе одлука која ќе ја изненади фудбалската јавност.

Според шпанските медиуми, во конечниот список за Светското првенство можно е да нема ниту еден фудбалер од Реал Мадрид. Најголемо внимание привлекува ситуацијата со младиот стопер Дин Хујсен, кој наводно не е во плановите на селекторот за завршниот турнир.

Иако Хујсен во изминатиот период беше редовен дел од националниот тим и важеше за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, Де ла Фуенте смета дека во моментов има играчи кои покажале подобра форма и повеќе заслужуваат место во одбраната на „црвената фурија“.

Ваквите најави се прилично неочекувани ако се земе предвид дека дефанзивецот минатата година имаше значајна улога во репрезентацијата, а беше и стартер на завршниот турнир во Лигата на нации, каде што Шпанија стигна до финалето. На тој турнир Шпанците ја елиминираа Франција, но во борбата за трофејот беа поразени од Португалија по изведување пенали.

Доколку шпекулациите се покажат како точни, тоа би значело историски преседан, Шпанија да настапи на големо натпреварување без ниту еден играч на Реал Мадрид во составот. Последен претставник на „кралскиот клуб“ во националниот тим беше токму Хујсен, откако претходно од комбинација отпадна и Дани Карвахал.

Во меѓувреме, Барселона би можела да има доминантно присуство во репрезентацијата. Според најавите од Шпанија, дури осум фудбалери на каталонскиот клуб се блиску до место во конечниот список, а останува само селекторот официјално да го објави составот за Мундијалот.

Титулата останува во Глазгов, Селтик со пресврт го урна Хартс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот