Шпанскиот десен бек Виктор Алонсо Гарсија/фото: Денис Дуковски / РК ВАРДАР 1961

Шпанецот Виктор Алонсо го напушти РК Вардар 1961

Само три месеци траеше соработката меѓу 33-годишниот Виктор Алонсо Гарсија и ракометниот клуб Вардар 1961.

Нема потврда од 15-кратниот македонски шампион и двократен европски првак, но има официјална информација од косовскиот Раховеци кој го потврди трансферот на шпанскиот десен бек.

И претходно настапуваше во Косово за екипата на Беса Фамгасин со која двапати беше шампион на таа земја.

Играше и за познати европски клубови како Портланд Сан Антонио, Адемар Леион и Кретеј.

Денеска скопските „црвено-црни“ ги очекува нов натпревар во домашната Супер лига, на домашен терен во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ од 19.30 часот ќе играат против РК Бутел.

Јапонскиот миленик на вардарци потпиша за Ал Кадсија од Кувајт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот