Шпанците признаа, доколку Ѓоковиќ триумфира на Вимблдон завршуваат дебатите за најдобриот во историјата

Српскиот тениски ас голем фаворит и на УС Опен“ во Њујорк (САД)/Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Новак Ѓоковиќ со победа ја стартуваше одбраната на титулата во Вимблдон, а воедно и ловот на 20 грен слем трофеј со што би се израмнил со Рафаел Надал и Рожер Федерер како тенисери со највеќе триумфи на најважните тениски турнири.

Ѓоковиќ во отсуство на Рафаел Надал кој одлучи да одмора и Рожер Федерер кој нема добри резултати оваа сезона, е голем фаворит за триумф на Вимблдон со што би се интензивираче дебатите околу тоа кој е најдобриот тенисер во историјата.

Но, ветер во грбот за Ѓоковиќ дојде од државата од која најмалку се надеваа фановите на српскиот тенисер. Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ денеска објави текст во кој пишува дека доколку Ѓоковиќ триумфира на Вимблдон, повеќе нема да има никакви дилеми кој ќе биде најдобриот тенисер во историјата. Според „Мундо Депортиво“, со евентуалниот триумф на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ќе го неутрализира единствениот аргумент кој му недостасува во овие моменти, тоа се бројот на освоени грен слем титули.

Поддршка за Ѓоковиќ на стартот на најпрестижниот тенисерки турнир дојде и од австралискиот Фокс спортс кој напиша дека можеби Ѓоковиќ е најнепопуларниот тенискиот шампион од Иван Лендл, но и дека неговите критичари мора да се соочат со реалноста која нема да им се допадне, а таа е дека то је најдобар на светот во конкуренција на најдобрите.
„Зборувајќи со секого што ќе го оспори Новак Ѓоковиќ и неговите карактеристики, многу брзо ќе најдеме податоци и бројки кои во старт ќе ги запрат сите тие оспорувања“, пишува австралискиот Фокс спортс кој потоа понуди и конкретни бројки и податоци.

Ѓоковиќ е првиот тенисер по Род Лејвер кој има барем по два триумфи на секој грен слем турнир, има подобар меѓусебен скор со Рафаел Надал и Рожер Федерер, потоа тој е највеќе недели на првото место на АТП ранг листата како и дека е единствен тенисер кој ги освоил сите девет мастерс турнири и тоа по барем два пати.
Фокс спортс смета дека останатите медиуми се дволични кога ривалитетот помеѓу Надал и Федерер го претставуваат како најголем во тенисот, а притоа истакнуваат дека Ѓоковиќ одамна ги надминал.
Новак ќе биде тој кој на крајот ќе стои и ќе се смее кога ќе заврши оваа „златна ера“ на машкиот тенис“, пишува Фокс спортс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот