Шокантна изјава на бразилскиот претседател: Фудбалерите имаат мали шанси да починат – нека играат фудбал
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, ја шокира јавноста со последната изјава поврзана со фудбалот и пандемијата на коронавирусот.
Болсонаро смета дека фудбалското првенство во Бразил мора да продолжи што е можно побрзо притоа нудејќи неверојатно тврдење.
Препорачано
– Во овој момент постоја тмногу луѓе во светот на фудбалот кои разбираат што се случува и кои сметаат дека натпреварувањата мора да продолжат бидејќи клубовите се пред банкрот. Згора на тоа младите фудбалери кои доколку би биле позитивни на ковид-19, тешко дека ќе починат. Смртноста од новиот вирус кај младите лица е многу мала – изјави Болсонаро.
Тој веќе презеде иницијатива да се продолжи бразилското првенство, нормално без присуство на гледачи и со зголемени медицински и безбедносни мерки.
– Многу пати си помислуваме дека на фудбалерите им е лесно. Но, поголем дел од нив не заработува многу како ѕвездите и потребен им е фудбалот за да ги издржуваат своите семејства. Не сум јас тој што ќе го врати фудбалот на терените, но веќе разговарав со министерот за здравство и поделивме мислења како да се продолжи сезоната и тоа да биде безбедно за сите – додава Болсонаро.
Досега во Бразил позитивни на коронавирус се повеќе од 87.000 лица од кои 6.006 се починати.


