Шокантна исповед на Хилари Свонк: Добив Оскар, но немав пари за здравствено осигурување

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Во неодамнешното интервју за „The Drew Barrymore Show“, актерката Хилари Свонк зборувала за проблемите со кои се соочила на почетокот на нејзината кариера.

Откако во дамнешната 2000 година, освои Оскар за улогата во филмот „Boys Don’t Cry“, Хилари морала да оди на лекар поради здравствени проблеми. Во споменатото интервју таа објаснила дека не заработила доволно пари за да си обезбеди здравствено осигурување, па платила 260 долари за обични антибиотици.

„Имав обична настинка и кога отидов на лекар за редовни антибиотици, тие само ми рекоа: „Да, тоа е 260 долари“, изјавила актерката .

„Тогаш им одговорив: Чекајте, имам осигурување, можете да проверите, објаснила актерката и додала дека веднаш морала да се јави во осигурителната компанија. Се сеќавам дека осигурителната компанија ми кажа дека морам да заработувам минимум 5.000 долари годишно за да имам право на осигурување. Замислете, таа година добив Оскар, а немав пари за здравствено осигурување“ – изјавила актерката.

Двократната оскаровка неодамна откри дека очекува принова на 48 годишна возраст.. Познатата актерка ја сподели среќната вест за време на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)


Актерката откри дека таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци и дека е во вториот триместар од бременоста.

„Ова е нешто што го посакував многу долго време и следната работа за мене е дека ќе станам мајка. Да, ќе станам мајка – само на едно, туку на две дечиња. Не ми се верува. Убаво е да се зборува за ова и да имам можност да споделам“, сподели Свонк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)

ФОТО+ВИДЕО | Хилари Свонк ќе стане мајка на 48-годишна возраст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот