ФОТО+ВИДЕО | Хилари Свонк ќе стане мајка на 48-годишна возраст

Хилари Свонк пред студиото на „Добро утро Америка“ / 5 октомври 2022 / Фото: Profimedia

Двократната оскаровка Хилари Свонк е бремена на 48-годишна возраст. Познатата актерка ја сподели среќната вест за време на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“.

Актерката откри дека таа и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци и дека е во вториот триместар од бременоста.

„Ова е нешто што го посакував многу долго време и следната работа за мене е дека ќе станам мајка. Да, ќе станам мајка – само на едно, туку на две дечиња. Не ми се верува. Убаво е да се зборува за ова и да имам можност да споделам“, сподели Свонк.

Фото: Profimedia

Малку подоцна во истиот ден, Свонк гостуваше и во емисијата „Во живо со Кели и Рајан“ и сподели дека се чувствува одлично.

„Да се очекуваат близнаци е двоја возбуда. Мојата баба беше близначка, бабата на мојот сопруг беше близначка. Па, ние имаме семејна историја со близнаци“, раскажа актерката.

По споделувањето на веста за бременоста, актерката сподели снимка на која го гали своето трудничко стомаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank)

Свонк и претприемачот Шнајдер се венчаа во август 2018 година. Свонк претходно беше во брак со актерот Чад Лоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот