Шокантна исповед: Дома постојано ѝ доаѓале непознати мажи што ѝ ги праќал сопругот

Во еден ден се случувало и по 12 непознати луѓе да ѝ тропнат на врата, а кога ќе ја погледнеле, веднаш без никакво објаснување, си заминувале.

Шерон Томпсон својот партнер Дарен Рова го запознала со посредство на нејзиниот брат. Нивната средба се случила во август минатата година и иако таа веќе зад себе имала еден брак и деца од него, сепак се впуштила во љубовна врска, која за краток временски период многу брзо се развивала, а таа била сигурна дека конечно го пронашла човекот на својот живот.

Се вселил кај неа

Откако станале неразделни, таа му предложила да се пресели кај неа и заедно да почнат нов живот. Набргу потоа Шерон останала бремена, а кога била во осмиот месец од бременоста, тогаш првпат ѝ се случило на вратата да ѝ тропне непознат маж. Кога таа му отворила, тој без да изусти збор, неколкупати погледнал во нејзиниот стомак и си заминал.

Тогаш Шерон воопшто не ѝ придала посебна важност на ваквата средба со непознатиот маж.

Прочитајте и...  Карлеуша си купи солариум и веднаш се пофали - Сега нема да ми биде досадно во карантин (ФОТО)

Неколку недели откако се породила, на вратата од нејзиниот дом почнале да доаѓаат и по десетина мажи во текот на денот. Еден ден дошле 13 мажи, но веднаш штом ќе ја погледнеле или ќе слушнале дека внатре плаче бебе, во истиот миг се свртувале и си заминувале, без притоа некој да сака да ѝ објасни што навистина се случува и зошто толку многу непознати мажи секој ден доаѓаат и ѝ тропаат на врата.

Конечно ја открила причината за ваквите ненадејни посети

На крај успеала да убеди еден од нејзините „посетители“ да седне и да ѝ раскаже што навистина се случува. Тогаш тој ѝ открил дека нејзиното име и слика заедно со адресата, ги видел на еден од сајтовите за возрасни, на кој меѓу другото пишувало и дека таа дава сексуални услуги.

Прочитајте и...  Лоши момци прават хаос: Девојка вреска додека другар ја вози со полн гас на хауба! (ВИДЕО)

– Додека го слушав, буквално се скаменив. Веднаш ѝ телефонирав на полицијата, а тие ме посоветуваа веднаш да ја заклучам вратата и да останам дома додека да дојдат – раскажала Шерон.

Почнала да добива непристојни предлози на социјалните мрежи

Во наредните неколку месеци таа почнала да добива и многубројни пораки со недолична содржина на социјалните мрежи.

– Плачев секој ден. Бев очајна и сè што сакав да знам е што навистина се случува. Најмногу се плашев за безбедноста на моите деца – рекла жената, која притоа напоменала дека нејзиниот партнер постојано бил покрај неа во овие тешки денови и постојано ја тешел и ѝ покажувал колку всушност ја поддржува во секоја одлука.

Шoкантно откритие

Прочитајте и...  Неговиот љубовник му беше кум, а дечкото го гледаше од прозорeцот на хотелот: Фамозниот брак на Елтон Џон со жена! (ФОТО)

Откако полицијата неколку месеци го истражувала случајот, дошле дома кај Шерон и ѝ кажале неверојатно шокантни вести.

– Полицаецот се загледа во Дарен и покажувајќи кон него, објасни дека цело ова време, токму тој стоел зад сите овие настани. Тогаш се свртев кон него и навистина посакував да одрекува, а тој молчеше. Паднав на подот и почнав хистерично да плачам – продолжила да раскажува Шерон.

Насекаде во куќата имало поставени камери

На крај се покажало дека Дарен низ целата нејзина куќа инсталирал камери, кои ја снимале цело време и во сите соби, вклучувајќи ја тука и бањата, а сите содржини биле пласирани на страница за возрасни.

Покрај овие докази, полицијата во неговиот автомобил нашла уште и 6 телефони.

По долг судски процес, Дарен Рова бил осуден на двегодишна казна затвор.

Прочитај повеќе

Дрејк сними нов спот во изолација: Маска, ракавици и празни улици во Торонто (ВИДЕО)

Слободен печат

Дејвид Бекам си ја избричи главата во изолација: Ова мораше да се направи! (ФОТО)

Слободен печат

„Знам што родив и со кого ја правев“ – Ана Николиќ за воспитувањето на ќерката и за тоа колку Раста и одмага во тоа

Слободен печат

Идеални во време на самоизолација: 10 трилери кои треба да ги погледнете! (ВИДЕО)

Слободен печат

Имал 11 деца, а љубовникот го сакал повеќе од секоја жена: Го одбил Оскарот и засекогаш го промени Холивуд

Слободен печат

Реални „до коска“ илустрации на борбата против коронавирусот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лоши момци прават хаос: Девојка вреска додека другар ја вози со полн гас на хауба! (ВИДЕО)

Слободен печат

Неговиот љубовник му беше кум, а дечкото го гледаше од прозорeцот на хотелот: Фамозниот брак на Елтон Џон со жена! (ФОТО)

Слободен печат

Кејти Пери го намачка Орландо Блум со шлаг и на необичен начин го откри полот на бебето

Слободен печат

ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА со Ели Танасковска, уредничка и водителка во МТВ

Јасмина Кантарџиева Димков

Карлеуша си купи солариум и веднаш се пофали – Сега нема да ми биде досадно во карантин (ФОТО)

Слободен печат

На балкон истрчале маратон долг 42 километри!

Слободен печат