Шкупи е казнет од УЕФА со парична казна од 44.000 евра

Шкупи е казнет поради неодговорни навивачи во текот на натпреварите/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкупи ја информираше јавноста дека е парично казнет од Европската фудбалска унија (УЕФА).

Како што вели во своето соопштение за јавноста, клубот од Чаир отсекогаш ја цени поддршката од навивачите во текот на натпреварите.

Но, понекогаш се случуваат сцени кои воопшто не се посакувани во фудбалот..Причините за паричната казна се недоличното однесување на навивачите, политичко скандирање и користење пиротехника.

– Поради некои настани предизвикани од некои неодговорни навивачи на мечевите во Европа и од последниот натпревар во Чаир, нашиот клуб е казнет од УЕФА со парична казна од 44.000 евра – се вели во соопштението на ФК Шкупи.

Чаирчани повикуваат да се спречат повторување на вакви сцени и да се поддржи ФК Шкупи како што му доликува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот