Шкотска пробува нов модел: За иста плата ќе се работи четири дена во неделата

Центарот на Гласгов, Шкотска за време на ковид/ Фото EPA-EFE/ROBERT PERRY

Сите би се согласиле дека малку работи во светот траат кратко како викендите. Четиридневната работна недела веројатно звучи како многу добра идеја за повеќето работници, без разлика дали се работи за приватниот или јавниот сектор. Но, дали може да стане реалност? И дали воопшто би бил одржлив таков модел?

Шкотска се одлучи да го проба ваквиот модел. Пробната програма што ја започна шкотската влада е најверојатно предводена од враќање на луѓето на своите работни места по локдаунот. Шкотите ќе работат четири дена во неделата, а платите ќе останат непроменети, пренесува Би-Би-Си.

Може ли пократката работна недела да ја зголеми продуктивноста?

Неизбежни се прашањата: Кој ќе ги плаќа преостанатите 20% од работното време? Зарем тоа не значи дека претпријатијата ќе имаат 20% поголеми загуби? Ќе функционира ли сето ова без намалување на платите на работниците, на кои тие сигурно нема да се согласат?

Претпоставката на шкотската влада, но и на многу други компании и влади кои веќе пробале пократок работен ден или недела, е следната: ако го скратиме работното време, работниците ќе бидат поодморени, задоволни и продуктивни, што потоа ќе компензира за намалено работно време и резултира со еднакви, па дури и подобри работни резултати, или неделно „производство“, така што платите ќе останат исти.

Олеснителна околност во Шкотска е тоа што недостатокот на работна сила во некои сектори, пред се поради Брегзитот, веќе вршат притисок врз работодавачите да ги зголемат платите или да ги подобрат условите за работа со цел да привлечат работници. Синдикатот Јунајт на тој начин објави договор со цивилни работници во нуклеарната база Клајд за зголемување на платите за 5,5% со дополнителен годишен одмор.

Шкотската влада на Никол Стугон вети најмалку една тест програма од четиридневна работна недела во изборната кампања на СНП.

И според новиот извештај на шкотскиот Институт за истражување на јавна политика, дури 80% од работниците би сакале пократка работна недела, додека 65% од нив сметаат дека тоа ќе ги направи попродуктивни.

Други држави како Исланд, уште пред шест години започнаа со нивните тестирања на ваквата четиридневна работна недела и непроменлива плата.

Првичната програма, во која беа вклучени повеќе од 2.500 работници, што претставуваше околу 1% од работоспособното население на Исланд, траеше до 2019 година, по што тие ги анализираа резултатите.

Истражувачите објавија извештај минатиот месец дека експериментот бил „исклучително успешен“.

Иако програмата започна во јавниот сектор, Би -Би -Си пишува дека во меѓувреме е проширена не само на поголем дел од јавниот сектор, туку и на дел од приватниот сектор, така што сега покрива 86% од работниот популација.

Во Нов Зеланд, тест програмата се спроведува во компанијата Унилевер

И во Нов Зеланд, каде премиерката Јасинда Ардерн е внимателно следена поради нејзиниот многу прогресивен пристап на управувањето со земјата, минатата година започна тест програма во нивниот филијал на меѓународната корпорација Унилевер, под надзор на Универзитетот во Окленд.

Резултатите овде се исто така доста импресивни – продуктивноста (измерена по час) е зголемена за 20%, со значително зголемување на бројот на работници кои веруваат дека го подобриле балансот помеѓу приватниот и деловниот живот.

Во Исланд луѓето за иста плата работат четири дена во неделата, резултатите се одлични

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот