Во Исланд луѓето за иста плата работат четири дена во неделата, резултатите се одлични

Исланд / Фото EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Исланд од 2015-та до 2019-та година тестирале четири дневна работна недела, односно работниците имаа иста плата, а работеа помалку часа. Сега тие ги објавија резултатите кои покажуваат голем успех, пренесува Би-Би-Си.

Продуктивноста со текот на експериментот останала иста, дури и пораснала на повеќето работни места, велат истражувачите. Слични тестови се спроведуваа и во останатите делови на светот, како Шпанија и Нов Зеланд.

На тестот во Исланд учествувале повеќе од 2500 работници, што изнесува околу 1 % од работоспособното население на земјата. Сето ова се случуваше поддржувано од градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници преминаа од 40 часовна работна недела на 35 или 36 часовна работна недела, пренесуваат британските истражувачи. Засега 86% од исландската работна сила или веќе имаат преминато на скратено работно време со иста плата или треба да го стекнат тоа право, велат истражувачите.

Работниците изјавија дека се соочуваат со помал стрес, а тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и да дека имаат подобра рамнотежа на приватниот и работниот живот.

Шпанија исто така се експериментира со ваквото четири дневно работење, во главно поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот