Шкендија/KF Shkëndija FB

Шкендија вечерва против АЕК го игра последниот „левел“ од мисијата „европска пролет“

Македонскиот шампион Шкендија вечерва ќе го одигра последниот дуел од групната фаза во Конференциската лига. Тетовци за противник ќе ја имаат екипата на АЕК Ларнака, а мечот ќе се одигра на АЕК арената со почеток од 21 часот.

За Шкендија ова е клучен меч, бидејќи со победа тетовскиот тим сигурно ќе презими во Европа, што ќе биде прв клуб од Македонија кому му успеало такво нешто, а со нерешено, па дури и со пораз, ќе зависи и од другите резултати.

АЕК Ларнака е ривал кој прикажува стабилни партии на меѓународна сцена. Во Конференциската лига тимот има две победи и три нерешени средби. На домашен терен го совлада АЗ Алкмар и одигра реми со Абердин, а со статус на непоразен домаќин ќе го дочека и македонскиот шампион.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири на прес-конференцијата изјави дека неговиот тим не се плаши од противникот.

„Докажавме дека можеме да играме против силни противници. Имаме максимална почит кон АЕК, но во ниту еден момент не влегуваме да се плашиме од нашите противници, и покрај нивната сила. Со сериозност во текот на целиот меч, се надеваме дека ќе извлечеме поволен резултат. Играме против противник кој игра одлична одбрана, примија само еден гол и не само одбраната, туку играат како тим и напаѓаат и се бранат заедно. Треба да се поставиме и да одиграме на висотко ниво. Сакаме да ја завршиме успешно оваа европска авантура. Сите тимови имаат математики и ние сме и натаму во игра за пласман во плеј-офот. Играчите како и сите навивачи се задоволни од она што го направивме до сега, и се надевам дека сите заедно ќе продолжиме и на пролет да играме во Европа“, изјави Беќири.

Предводникот на АЕК Ларнака, Иманол Идиакез, изјави дека верува во своите играчи и се надева дека неговиот тим ќе издвојува победа.

„Овие играчи ми покажаа дека можам да им верувам за секоја одлука. Ќе се обидеме да победиме. Знаеме дека имаме некои шанси. Ако можеме да победиме утре, ќе завршиме меѓу првите осум, што ќе биде многу добро за нас. Одигравме 16 натпревари и знаеме дека сме малку уморни, бидејќи од еден натпревар до друг нема многу време за одмор. Исто така, има некои проблеми со отсуствата. Ова е најтешкиот дел за нас во подготовките за утрешниот натпревар. Но, сигурен сум дека утре ќе ја имаме потребната енергија. Се надеваме дека нашите навивачи ќе бидат, како и секогаш, покрај нас, да ни помогнат и да ги поддржат играчите, да им ја дадат енергијата што ни е потребна, бидејќи минатата недела беше многу напорна. Утре ќе одиграме добар натпревар. Играме дома, со нашите навивачи. Се надевам дека ќе можеме да победиме и да уживаме во него“, изјавил тренерот на АЕК Ларнака.

Низ досегашните настапи во евро-куповите, тетовчани инкасираа 5,7 милиони евра, а доколку извлечат победа против АЕК Ларнака во касата на Шкендија ќе се слеат уште 400 илјади евра.

 

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот